Среда знае да биде среќен ден за типување на Спортска прогноза

Помина еден ден, а остануваат уште три за типување за новото петто коло сезонава од бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза.

Меѓу 13-те натпревари кои се предизвик за прогнозерите, најголемо внимание предизвикуваат дуелот од Бундеслигата помеѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен, како и мадридското дерби помеѓу Атлетико и Реал.

Од оние прогнозери кои веќе се изјаснија, речиси 78 проценти веруваат дека Баерн ќе слави против Фармацевтите, додека за мадридската пресметка предност му се дава на Реал (48 отсто типувале двојка). Над половината мислат дека Манчестер јунајтед ќе го победи Тотенхем, како и дека Аталанта ќе победи во Болоња, а интересно е дека само 21 процент прогнозираат победа на Торино против Лацио. Торино е лидер на табелата во Серија А и нема пораз по пет кола.

Првиот натпревар започнува в сабота, во 14 часот, што значи дека дотогаш ќе можете да ги пополнувате вашите бесплатни типови и да очекувате богати подароци.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести