Средата беше многу среќна во Гостивар, добивка речиси од 2.000 евра

Одлично одигран тикет на кој најголем дел од мечевите се типувани на голови е добитен во Гостивар, и тоа за нето-добивка од 110.796 денари. Одиграни се мечеви од вчера и погодени се коефициенти од 1.71 до 3.75.

Фенербахче и Коњаспор одиграа ефикасен меч кој заврши со убедлива победа на домаќините од 7:1, а уште на полувреме резултатот беше 5:0 и погодено 5+ на голови. Реал Мадрид и Атлетико одиграа спектакуларен меч кој заврши 3:3 по 90 минути и лесно е фатена играта ГГ3+.

Милан кискираше дома и загуби од Аталанта со 1:2, но овој обложувач тактички одиграл на голови, и тоа ГГ3+. Бенфика со 3:2 ја победи Брага за кец и 3+ на голови.

Одиграни и погодени се и три меча од Англија. Болтон победи со 3:1 на гости кај Акрингтон, а Блекпул со 2:1 беше подобар од Бартон за 3+ на голови. Честерфилд немаше никакви проблеми против Гејтшед и славеше со 5:0.

- Оглас -

Најнови вести