Новак Ѓоковиќ го победи Георги Димитров и се пласира во финалето на АТП турнирот во Мајами, а после мечот имаше интересна средба во соблекувалната. Најдобриот фудбалер во историјата, Лионел Меси, дојде во посета на најдобриот тенисер во историјата, па двајцата си разменија дресови.
Србинот ја објави фотографијата тешка многу трофеи и успеси на социјалните мрежи, па напиша: „Ми беше голема чест да се сретнам со неговото височество Лионел Меси и целото негово семејство. Ти благодарам Лео. Се гледаме наскоро“.
Новак Ѓоковиќ во финалето на турнирот во Мајами за противник ќе го има чешкиот тенисер Јакуб Меншик, кој во полуфиналето го совлада домашниот тенисер, Тејлор Фриц, со 2-1. Чехот во моментов е 54-та на АТП ранг-листата, па Ѓоковиќ има одлична можност да дојде до 100-тиот трофеј во кариерата.
Финалето се игра во недела, во 20 часот по македонско време.