Репрезентациите на Шведска и Србија ја имаа генералката пред настапот на Европското првенство во Германија, која им припадна на гостите со 0-3. После натпреварот во тунелот на „Френдс арената“ во Солно се сретнаа две легенди на светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ кој синоќа на свечена церемонија беше испратен во пензија, и селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси.
Двајцата разменија неколку реченици, а највпечатлива беше пораката на Пикси кон Златан, кој му се обрати со зборовите: „Ти благодарам за се што направи за фудбалот“.
https://twitter.com/FSSrbije/status/1799523600883413085?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1799523600883413085%7Ctwgr%5E02d3d031ba473406c60bced5fea5ad4087443ea2%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fzlatan-ibrahimovic-dragan-stojkovic-srbija-ponuda%2F476047