Средбата меѓу Наполи и Рома ќе биде ревијална за прогнозерите

Со натпреварот меѓу Наполи и Рома се комплетира 31-вото коло на Спортска прогноза, на кое, за жал, и овојпат никој не успеа да дојде до вредните подароци.

Петмина играчи имаат погодено по осум натпревари, што е недоволно да се дојде барем до некој од ваучерите, со оглед на тоа дека прекрасниот „ајфон 12“ и по ова коло останува неосвоив.

За тие, пак, што ги следат прогнозерските типови, дури 78,57 од играчите веруваат во победа на тимот на Елиф Елмас, а квотата за триумф изнесува 1.93. Ова коло имаше неколку „бомби“, а голем број од играчите очекуваа победа на Лестер на гостувањето кај Њукасл, како и домашен триумф на Лил над Ленс.

Исто така, Ајнтрахт Франкфурт по елиминацијата над Барселона, „прелажа“ многумина да го типуваат, но загуби со 2:0 од Унион Берлин.

- Оглас -

Најнови вести