Среде финале на Дејвис купот почина таткото на деветтиот на АТП-листата

Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут ја напушти репрезентацијата која учествува на завршницата на Дејвис купот во Мадрид поради смртта на неговиот татко. Чимо Баутиста починал денеска, откако му се влошило здравјето, со кое имаше сериозни проблеми по несреќата која му се случила во 2016 година.

Баутиста Агут играше против Русија и Хрватска, но ова е голем удар за него и за тимот и речиси сигурно нема да им помогне на своите колеги кои од утре ја започнуваат нокаут-фазата. Утре, во четврт-финалето Црвената фурија се среќава со Аргентина.

Баутиста Агут е деветти на светската ранг-листа, лани остана без мајка, а сега без татко само на девет дена пред свадбата закажана за 30-ти ноември.

 

- Оглас -

Најнови вести