Фудбалските репрезентации на Норвешка и на Израел ќе одиграат квалификациски меч за пласман на Светското првенство во Осло на 11 октомври. Норвежаните најавија дека не можат да ги бираат своите противници, но сите средства од продажбата на билетите за овој натпревар ќе бидат донирани на една од хуманитарните организации кои помагаат во Газа.
На ваквата одлука следуваше остра реакција од Фудбалскиот сојуз на Израел, што е и очекувано.
„Не е пракса да им делиме совети на фудбалските сојузи како да ги трошат приходото од натпреварите, дури и ако се остварени играјќи против нашата горда репрезентација, но овојпат ќе отстапиме од таа пракса. Би било убаво кога дел од тој износ ќе биде наменет за осуда на маскрот од седми октомври во кој загинаа стотина израелски граѓани и деца или можебни со акција за ослободување на 50-те киднапирани заложници. Ве молиме погрижете се парите да не завршат кај терористите. Исто така, нашата цел е да освоиме три бода“, се вели во дел од соопштението на Фудбалскиот сојуз на Израел.