Бартош Капустка брзо, само за 4 минути го мина патот од среќа до тага откако постигна страшно ефектен гол за Легија против Флора Талин во третата минута, но само 240 секунди подоцна се повреди и беше заменет.
На почетокот на мечот, 24-годишниот играч на полскиот гигант приреди вистинско шоу со спринт од околу 80-тина метри и откако во соло продор мина неколку играчи на гостите успеа и да постигне гол.
Акцијата беше во стилот на Лионел Меси, но потоа следуваа и моменти на тага за Капустка. Се повреди во седмата минута и беше заменет.
Брилијантната соло акција и гол на Капустка можете да го погледнете ОВДЕ.
Легија води со голот на Капустка во првиот меч против Флора, што се игра во Варшава во рамките на четвртфиналната квалификациска рунда за настап во Лигата на шампионите.