32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Среќа што беше пријателски меч: На Арсенал не му признаа чист гол против Челзи (Видео)

Лондонските ривали Арсенал и Челзи вчера одиграа контролен меч, а на крајот се радуваа Сините. Актуелниот европски првак поведе со голот на Хаверц во првото полувреме, а во вториот дел беше многу повозбудливо. Џака погоди за 1:1 во 69 минута, а само три минути подоцна, Тами Абрахам повторно го доведе Челзи до предност.

На крајот тоа се покажа како конечен резултат, иако Арсенал даде и втор гол. Се играше 82 минута кога Џо Вилок шутираше, топката удри во пречката, а потоа заврши зад гол линијата.

Иако беше чист погодок, судиите тоа не го забележаа и играта продолжи. Бидејќи се работеше за пријателски меч, не се користеше ВАР системот, ниту гол-линија технологијата, па на крајот Челзи победи со 2:1.

https://twitter.com/i/status/1422109965729337347

- Оглас -

Најнови вести