Среќа што има ВАР, топката од статива се одби во гол-аут, а судијата досуди гол (Видео)

Неверојатен превид на судија се случи на вчерашниот натпревар помеѓу Истра и Горица од хрватското првенство. Средбата заврши 0-0, а ако немаше ВАР технологија, веројатно домашните ќе победеа со оглед на тоа дека судијата Марио Зебец им призна непостоечки гол.

За Горица играше македонскиот репрезентативец Агон Елези.

Во 63-тата минута, Винко Розиќ шутна со глава, а голманот на Горица влезе во голот и судијата помисли дека е погодок и покажа кон центарот. Розиќ почна дури и да го прославува „голот“, но по интервенција од ВАР собата, дојде до исправка и беше донесена правилна одлука.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести