Среќа што таму не се играат мечеви од ЕП: Стадионот на бундеслигашот изгледа како да е базен (Видео)

Во германската сојузна држава Барен-Вуртемберг во последните неколку дена постојано врне дожд. Освен дожд, во одреден период од денотима и засилен гра, па ваквите временски услови направија проблеми во нормалното живеење.

Меѓу местата кои се поплавени е и стадионот на кој настапува бундеслигашот Хофенхајм. Популарната „Рајн-Некар арена“ изгледа како да е базен, а не фудбалски терен. Водата го има прекриено целиот терен, а среќа е што во Хофенхајм не е домаќин на Европското првенство, па на овој стадион не се играат дуели од континенталниот собир.

„Рајн-Некар арена“ е отворена во 2009 година и може да прими 30.000 гледачи. Хофенхајм минатата сезона заврши на седмото место на табелата, а има време да ги санира штетите на стадионот затоа што првенството во Геррманија започнува за речиси два месеци.

https://twitter.com/i/status/1806294893356032042

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести