Среќа веќе не игра за Австрија – Јунузовиќ уште е велемајстор, погледнете му го „пасот“ против ЛАСК (Видео)

Златко Јунузовиќ нема да игра за Австрија на Европското првенство, што значи и дека нема да и биде ривал на Македонија во Букурешт, но и викендов покажа дека се уште е фудбалер од врвна класа.

Потегот во 68. минута во финалето на австрискиот куп против ЛАСК му беше велемајсторски, иако додавањето до Бериша не му се смета како асистенција.

Јунузовиќ мајсторски ја прими топката со петица и во пад упати додавање до соиграчот, кој беше фаулиран за пенал. Дака го промаши пеналот, на Јунузовиќ не му се пишува асистенција, но целата акција му беше одлична.

Zlatko Junuzovic (Salzburg) amazing pass leads to a penalty vs LASK from soccer

Салцбург го победи ЛАСК со 3:0 и го освои пехарот во австрискиот куп. Јунузовиќ се прости од настапите во репрезентацијата во 2017 година со вкупно 55 одиграни натпревари.

Австријците ќе ни бидат прв противник на Европското првенство, а против нив ќе играме во Букурешт на 13. јуни од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести