Повредата на Лука Дончиќ на бутниот мускул не е сериозна и тој ќе биде подготвен за настап во плејофот. Првичните резултати се охрабрувачки од докторите на Далас маверикс, иако колку точно ќе отсуствува Лука, ќе се знае во раните утрински часови.
Словенечкиот кошаркар се повреди на средбата против Сан Антонио, којашто и не требаше да ја игра бидејќи имаше 16 технички фаули, што автоматски значи и еден меч пауза. Но, последниот негов технички фаул беше проценет дека му е неправилно досуден, па затоа тој доби право да игра.
Одигра три четвртини, постигна 26 поени во победата од 130:120, додека плејоф-серијата против Јута џез, каде што Далас ќе ја има предноста од домашен терен, ќе започне на 16 април во 19 часот.