Велат „среќата ги следи храбрите“, а ова вечерва се однесува за фудбалерите на Барселона. „Каталонците“ веќе имаат +7 во однос на Реал Мадрид во борбата за титулата и тоа пред се поради случајниот гол на Роберт Левандовски за победа на гостувањето кај Атлетико Мадрид од 1-2.
„Јорганџиите“ поведоа преку Џулијано Симеоне во 39-тата минута, но Маркус Рашфорд не дозволи Барселона да оди со негатива на паузата, па во 42-рата минута израмни на 1-1.
Николас Гонзалес беше исклучен во седмата минута од продолжението на првото полувреме поради стартот над Ламин Јамал, па сите очекуваа дека „каталонците“ ќе имаат лесна задача во вториот дел.
Сепак, Атлетико одлично се бранеше и со играч помалку, а победата за Барселона дојде во 87-мата минута, кога Кансело најпрво со одличен дриблинг се ослободи од двајца дефанзивци на Атлетико, а потоа и биеше кон голот на Мусо, кој одбрани, но одбиената топка го погоди Левандовски, а топката заврши во мрежата.
До крајот на Ла Лига остануваат уште осум кола, вклучително и Ел Класико во Барселона, но се чини дека „кралевите“ веќе може да се збогуваат од титулата. Барселона по 30-тото коло има 86 бода, додека Реал Мадрид има 79.

