Среќата ги следи храбрите: Ди Кармине утна пенал, Лазовиќ ја погоди пречката, па Велосо со „бомба“ го поздрави Јуве (видео)

Верона дојде до изненадувачко водство на гостувањето кај Јувентус со фантастичниот погодок на Мигел Велосо во 21-та минута. Гостите про добија златна шанса од белата точка да ја затресат мрежата на Буфон, но ударот на Ди Кармине заврши во дирекот. Одбиената топка ја прифати Лазовиќ, но и неговиот обид заврши во рамката од голот, а веќе неколку моменти подоцна во истата акција одличен шут од далечина испрати капитенот Мигел Велосо, па ја смести топката зад грбот на легендарниот италијански чувар на мрежата.

Сепак, водството на Верона во Торино траеше помалку од 10 минути, бидејќи Арон Рамзи на своето деби за Старата дама успеа да постигне и дебитантски погодок и да ја врати резултатската неизвесност, па така по 35 минути игра резултатот е 1-1.

https://twitter.com/theCyberNewt/status/1175448432678506497

https://twitter.com/UGoalstv3/status/1175448573628092418

- Оглас -

Најнови вести