Фудбалската федерација на Македонија јавно преку социјалните мрежи им посака среќен роденден на Стефан Ристовски и на Езџан Алиоски.
Интересно е дека и Ристовски и Алиоски не само што се родени на ист датум туку и во иста година, денеска и двајцата полнат 33 години.
Алиоски е нераскинлив дел од националниот тим, дури и кога долго време не игра за својот клуб Ал-Ахли, а за некогашниот капитен Ристовски, кој е член на загрепскиот Динамо, има најава дека ќе се врати во репрезентацијата, иако периодов не игра поради некои несогласувања со селекторот и експретседателот на Федерацијата.
Новото раководство на ФФМ инсистира да играат најдобрите, а Ристовски секако е во таа група. И оваа роденденска честитка е чекор кон враќање на бекот во црвено-жолтиот дрес.