Ливерпул води со 1:0 на гостувањето кај Тотенхем благодарение на погодокот на Роберто Фирмино, и тоа во четвртата минута од судиското надополнување во првото полувреме. Со овој гол Ливерпул го прекина неверојатниот пост од 485 минути без постигнат погодок во првенството.
Шампионот немаше погодено од дуелот против Вест Бромвич албион (1:1) на 27 декември минатата година. По тој меч, Ливерпул одигра 0:0 со Њукасл, а потоа следуваше пораз од Саутхемптон 1:0, реми со Манчестер јунајтед без голови и шокантен пораз на „Енфилд роуд“ од Барнли со 0:1.
Голот на Фирмино за водство на Ливерпул на гостувањето кај Тотенхем може да го видите ТУКА.