10.8 C
Skopje
недела, 1 март 2026

Среќниот Милан после 33 години победи во Кремона

Со голови на Страхиња Павловиќ во 90-та и Рафаел Леао во 94-та минута, Милан освои три важни бодови на гостувањето кај Кремонезе.

Росонерите 33 години немаа победа на гости во Кремона, денеска се мачеа 90 минути, и имаа многу среќа при водечкиот гол на Павловиќ кого го погоди топката по едно нафрлање и заврши во мрежата. Тука заврши отпорот на Кремонезе кој во судиското продолжение прими уште еден гол со кој беше ставена точка.

Милан им се врати на победите после постот од две кола по ред без триумф во Серија А. Новите три бода ги зацврстија на второ место со 10 бодови помалку од Интер.

- Оглас -

Најнови вести