Официјално е потврдено дека Срѓан Захариевски е новиот шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Вардар.
Клупата во Вардар е жешка, во последните неполни две години неколку тренери се сменија на кормилото, па пред 50-годишниот стручњак е голем предизвик да го извлече најтрофејниот македонски клуб од резултатската криза.
Како играч, Захариевски настапуваше за Вардар од 2001 до 2004 година и освои две титули. Како тренер, ги има водено Металург, Пелистер, Струга Трим Лум и Воска спорт.