Срѓан Захариевски ќе ја спасува Воска спорт од испаѓање

Срѓан Захариевски (50) е нов тренер на Воска спорт. Легендата на македонскиот фудбал денеска го потпиша договорот заедно со претседателот на клубот, Нефи Усеини.

Прв соработник на Захариевски ќе му биде Сејт Крека, кој досега работеше со младите во клубот.

Захариевски како тренер има работено во Струга, Пелистер и Металург. Дебито на клупата ќе го има на 25 февруари во дуелот со Силекс, клуб во кој Захариевски беше успешен фудбалер.

 

- Оглас -

Најнови вести