Српската Ким Кардашјан го „дотера“ вереникот НБА ѕвезда во шорц со боите на српското знаме (Фото)

НБА ѕвездата Пол Џорџ, во Србија е популарен и поради тоа што е верен со Даниела Рајиќ која има српско потекло, а сега кога Даниела објави фотографија од кошаркарот облечен само со шорцеви во боите на српското знаме, популарноста на Џорџ уште повеќе расте.

На оваа слика која веројатно е од пред некој месец, Џорџ го чисти базенот во домот во Лос Анџелес, а свесно или не, носи само „гардероба“ во боите на нашиот северен сосед.

Даниела која е родена во Њујорк пред 30 години, поради својот изглед е позната како српската Ким Кардашјан, таа е поранешна стриптизета и со кошаркарот имаат и една ќерка.

Летоска за време на „балонот“ во Орландо, ист шорц во српските бои носеше и Леброн Џејмс, кој на себе тогаш имаше и дрес на фудбалскиот клуб Ливерпул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести