Еден од најдобрите и најпопуларни кошаркари во светот, Лука Дончиќ ја раскина свршувачката со својата долгогодишна девојка, словенечкиот модел Анамарија Голтес пишуваат многу светски медиуми. Лука и Анамарија повеќе од 10 години се во вркс, а свадбата со која требаше да биде крунисана нивната љубов била закажана за јули оваа година, информираат извори блиски до двојката.
Сепак, Дончиќ и Голтес повеќе не се заедно. И едниот и другиот веќе ги имаат избришано заедничките фотографии кои ги ставаа со социјалните мрежи. Го нема ниту моментот кога Дончиќ ја побара својата девојка за жена.
Ова е изненадување, со оглед на тоа што пред неполни четири месеци Лука и Анамарија го добија своето второ дете, ќерката Оливија, како и постарата ќерка Габриела, родена во 2023 година. Нивната љубовна приказна започнала во детството, кога имале 12 години, а нивните семејства се запознале на одмор на островот Крк во Хрватска. Иако имаше шпекулации за кратко раскинување во 2018 година, пред драфтот на НБА на кој Дончиќ бил избран, двојката брзо ја обновила својата врска.
Пред точно една недела, Дончиќ го прослави својот 27-ми роденден, а Анамарија не беше присутна на прославата, но затоа таму беше Новак Ѓоковиќ.
Според некои шпекулации, причината за разделбата е српската пејачка Бресквица, но засега нема детали.

