Српски „блиц-криг“ од 148 секунди за разбивање на африканскиот малер (Видео)

Само 148 секунди ги делеа првиот и вториот гол на Србија за чудесниот пресврт против Камерун. Ова е првпат во историјата на Мундијалите на еден меч ист тим да даде два гола во судиско продолжение од прво полувреме.

Двата гола паднаа во судиското продолжение од првото полувреме, а стрелци беа играчи со дресови со броевите 2 и 20, со што е испишана историја на српскиот и ексјугословенскиот фудбал, првпат фудбалери со овие броеви на дрес даваат гол на меч на СП.

Голови се очекуваа од деветката Митровиќ, но мрежата ја тресеа дефанзивецот Павловиќ и играчот за врска Милинковиќ-Савиќ.

https://twitter.com/i/status/1597183495884795904

- Оглас -

Најнови вести