Српски фудбалер постигна мајсторски првенец и со тоа го остави својот тим во трката за титулата (ВИДЕО)

Фудбалерот на Славија Прага, Срџан Плавшиќ, го постигна својот прв гол за овој тим, и тоа на фантастичен начин.

Тој на средбата против Словачко го постигна првиот погодок во дресот на оваа екипа, којашто на крајот триумфира со 3:0.

Плавшиќ во 29-тата минута од околу 40 метри оддесно ја погоди мрежата на истрчаниот противнички голман, но иако на сликата тоа изгледа навистина лесно, кога ќе се погледне видеото ќе се забележи за каква мајсторија точно станува збор.

Со оваа победа, Славја Прага останува во трката за титулата во Чешка и се наоѓа на второто место зад лидерот Викторија П’лзењ.

 

- Оглас -

Најнови вести