11.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Српски кошаркарски клуб ќе игра со картата на Косово на своите дресови (Фото)

Српскиот кошаркарски второлигаш, Колубара од Лазаревац, одлучи на новите дресови да додаде карта од територијата на Косово прекриена со српското знаме. Ваквиот потег на клубот предизвика воодушевување во Србија, но и бура од реакции на Косово.

Од Колубара се пофалија на социјалните мрежи со новите дресови, а освен сликата, беше објавена и порака која гласи: „Никогаш нема да биде загубено тоа што е свето.“ и „Дресот кој го носиме – порака која ја браниме.“

Ваквиот потег сигурно нема да му се допадне на Косово, земја која во 2008 година прогласи независност од Србија, но нашиот северен сосед не ја признава и ја смета за дел од својата територија. Иако Косово не е членка на ООН, сепак е дел од светските спортски организации, како што е ФИБА во случајов.

- Оглас -

Најнови вести