8.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Српски репрезентативец е новото десно крило на РК Вардар

Ракометниот клуб Вардар официјално потврди дека потпишал договор со српскиот ракометар Вукашин Воркапиќ, кој игра на позицијата десно крило.

Воркапиќ потпиша договор со важност до крајот на сезоната 2027/2028.

„Воркапиќ (28), роден во Белград, е искусно десно крило и член на српската репрезентација, со богата кариера во европскиот ракомет. Пред доаѓањето во Вардар, тој играше за Војводина, каде што беше еден од клучните ракометари, настапувајќи во домашниот шампионат, во Куп-натпреварите и во ЕХФ Лигата на Европа. Во својата кариера Воркапиќ го носеше и дресот на Металопластика од Шабац, како и на францускиот тим Иври, стекнувајќи значително искуство на високо ниво. Беше дел и од последното ЕП во Данска, каде што постигна 6 гола од 7 упатени шута“, објаснија од Вардар.

Србинот е официјално регистриран и може да настапува за Вардар во продолжението од сезоната на домашна сцена и во европските предизвици.

 

- Оглас -

Најнови вести