Српски репрезентативец потпиша за Милан!

Фудбалскиот клуб Милан официјално објави дека потпишале петгодишен договор со српскиот централен дефанзивец Страхиња Павловиќ.

Павловиќ кој како фудбалер се разви во младинската академија на белградски Партизан каде што дебитираше за првиот тим во февруари 2019 година, од 2022 наваму играше за австриски Ред Бул Салцбург.

За српската селекција одиграл 38 натпревари и постигнал 4 гола. Павловиќ во Милан ќе го носи дресот со бројот 31.

- Оглас -

Најнови вести