Александар Митровиќ, голгетерот на Фулам, верува дека сега е вистинско време да се направат инвестиции во недвижнини. Српскиот репрезентативец купи стан во Белград, односно во центарот на Врачар. Вкупната површина на луксузниот стан е 400 квадрати, а Митровиќ искеширал 800.000 евра.
Станот е на две нивоа, а е и луксузно наместен. Во тие 400 квадрати има место за џакузи, игротека за деца, па дури и соба за дадилка.
Митровиќ и претходно имаше инвестирано во недвижнини. Тој поседува седум апартмани на Копаоник кои ги изнајмува. Со купувањето на луксузниот стан, Митровиќ покажа дека негова идеја е дел од заработените пари да ги вложи во станбени површини.
Србинот сезонава играше одлично за Фулам и не само што беше прв стрелец во клубот, туку со 23 погодоци беше и најдобар стрелец во Шампионат лигата. Пред да започне кризата поради Коронавирусот, се шпекулираше дека неговата вредност на пазарот е меѓу 25 и 35 милиони евра, а за него се интересирале неколку клуба од Англија.