Српски ветеран му се приклучи на Вајли во Будуќност

Будуќност го потврди ангажманот на Владимир Мицов, 36-годишното крило кое се враќа во „Морача“ по повеќе од една деценија. Договорот е потпишан на една година, па Џејкоб Вајли, македонскиот репрезентативец, доби квалитетен соиграч со европско реноме.

Мицов четири години успешно го носеше дресот на јадранскиот вицепрвак пред да ја почне европската авантура. Играше за Паниониос, Басконија, Канту, ЦСКА Москва, Галатасарај, а во изминативе четири години ги бранеше боите на Армани Милано.

Најголем успех на српскиот ветеран е освојувањето на Еврокупот во 2016 година со Галатасарај, па во залезот на својата кариера ќе се обиде да му помогне на црногорскиот гигант да се врати во Евролигата, односно да ја тргне Црвена ѕвезда од тронот на АБА лигата.

Мицов е петто засилување на Будуќност, Вајли пристигна неодамна, претходно опремата ја задолжија Марко Јагодиќ-Куриџа, Един Антиќ и повратникот Игор Дробњак.

https://twitter.com/KKBuducnostVOLI/status/1416018222994923521

- Оглас -

Најнови вести