Српскиот фудбал го слави голот во 129 минута со кој беше исфрлен швајцарскиот тим, а има и зошто

Фиорентина со погодок во 120+9 минута успеа да го елиминира Базел во полуфиналето од Конференциската лига и швајцарскиот клуб остана без историското прво финале. Голот во последните секунди пред да се шутираат пенали, ги израдува не само фановите на Фиорентина, туку и фудбалските вљубеници во Србија.

Со испаѓањето на Базел, српската лига остана на 11 место на УЕФА листа според коефициентите. Србија има 32.375 поени, пред Турција која е на 12 место со 32.100 и Швајцарија која благодарение на одличните игри на Базел стигна до 13 место на оваа листа со 31.675 поени. Потоа следуваат првенствата на Украина, Чешка, Норвешка, Данска, Русија и Хрватска.

Благодарение на 11 место на оваа листа, Србија и следната сезона ќе имаат два претставници во Лигата на шампиони со таа разлика што сега наместо директно место во групната фаза, првакот ќе игра во плејофот за влез во групната фаза.

Освен во ЛШ, Србија следната сезона ќе има и два претставници во Лигата на Европа, како и едно место во Конференциската лига на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести