24.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Српскиот гигант го мерка херојот на Вардар од финалето во Купот

За шест месеци поминати во дресот на Вардар, Михаил Талевски покажа дека е еден од најголемите таленти во нашата лига. Младиот 21-годишен играч кој сезоната ја започна во Пелистер, а потоа направи трансфер во Вардар, сега е цел на српскиот гигант Партизан.

Според најавите, Црно-белите од Белград се загреани за да го доведат Талевски, играчот кој стана херој во финалето на Купот на Македонија, постигнувајќи ги двата гола во победата над Струга Трим Лум. За Вардар тоа беше прв трофеј во Купот по пауза од 18 години.

Според плановите на Вардар, Талевски засега ќе биде дел од подготовките на Црвено-црните, а во текот на летниот преоден рок може да се случи да замине во Партизан, секако, доколку српскиот тим испрати примамлива понуда за еден од најквалитетните млади играчи во македонското првенство.

- Оглас -

Најнови вести