Српскиот голман Марко Дмитровиќ, кој брани за Севилја, неодамна мораше да се тепа со навивач на ПСВ Ајндховен од кого беше физички нападнат, а вечерва во Истанбул, навивачите на Фенербахе фрлаа предмети кон Дмитровиќ и еднаш го погодија во главата, па имаше и мал прекин на напнатата средба од Лигата на Европа.
Откако се смирија фановите на Фенер, мечот се доигра и Севилја се пласира во четвртфинале, иако загуби со 0-1, а Дмитровиќ бранеше со фластери на главата.