Српскиот репрезентативец прави проблеми во Истанбул, Бешикташ му се закани со бркање

Адем Љајиќ, фудбалерот на Бешикташ и српски репрезентативец, се најде на удар на критики од јавноста во Турција откако во Истанбул организирал неколку забави во својот дом и покрај тоа што во светот уште владее пандемијата со корона-вирусот.

Љајиќ неколкупати бил пријавен на полицијата од страна на своите соседи, прекршувајќи ги законите за јавен ред и мир со своите забави.

Во меѓувреме стигна реакција од Бешикташ, на Љајиќ за последен пат му е простена грешка, а следната ќе го чини раскинување на договорот со турскиот гигант. Клубот нема ништо против да се ослободи од Љајиќ уште во јануарскиот преоден рок, меѓутоа неговата висока плата од 2,5 милиони евра по сезона е пречка за продажба на офанзивецот.

- Оглас -

Најнови вести