Српскиот судија кој стана хит во светот со „селскиот ВАР“, жестоко казнет! (Видео)

Хит снимката од меѓуопштински меч во Србија која ја споделија многу медиуми низ светот придонесе главниот актер во тоа видео, судијата Стефан Лазовиќ од Краљево, да биде симнат од листата на судии.

Судијата во последна минута им поништи гол за победа на домашните, по што тие му се нафрлија и му правеа притисок да го признае голот, а еден гледач ја снимил ситуацијата, па Лазовиќ гледаше снимка на мобилниот телефон, по што „се увери“ дека голот е регуларен и ја промени одлуката. Судијата веројатно немаше да си помине добро ако го поништеше голот.

Но, славата која ја доби низ Европа и светот по овој петтолигашки меч скапо ќе го чини судијата, кој по професија е правник и работи како приправник во Основното јавно обвинителство во Краљево. Веднаш е тргнат од листата на судии во Фудбалскиот сојуз на округот Рашка и кариерата како фудбалски судија му е завршена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести