Српските фанови полудеа после голот, а од ремито може да биде задоволна и девојката на Облак

Голот на Лука Јовиќ во 96-та минута за реми од 1-1 против Словенија, кај српските навивачи на стадионот во Минхен предизвика огромна радост. Се тресеа трибините, фрлени беа и факли на терен, за што сигурно ќе има казна.

Од нерешениот резултат може да биде задоволна и српската тенисерка Олга Даниловиќ, која е девојка на словенечкиот голман Јан Облак. Ќерката на некогашниот кошаркар Предраг Даниловиќ беше присутна во Минхен, но не кажа дали навива за својата земја или за тимот на нејзиното момче.

Погледнете каква беше радоста на српските навивачи по израмнувањето на средбата со Словенија и голот кој ја остави Србија во трка за место во осминафиналето:

 

- Оглас -

Најнови вести