Српските фудбалери не ги послушаа советите од Ѓоковиќ, затоа испаднаа од ЕП

Фудбалската репрезентација на Србија испадна од Европското првенство во Германија, тоа е епилог кој не го очекуваа и посакуваа нашите северни соседи, па сега се мета на жестоки критики од медиумите и јавноста.

„На натпреварот против Данска кој мораа да го добијат, на моменти се чинеше дека нашите момци не знаат што да прават на теренот“, коментираат некои аналитичари.

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, дојде директно од Лондон, беше со тимот и им даде силна поддршка.

„Срце, глава и тоа долу, морав да кажам. Храброст, секако на тоа мислев. Не сум стручњак, но верувам дека само гледање кон трибините и колку наши луѓе има, е доволно да ги мотивираме да дадат се од себе и да изгорат 90 минути. Сите сме тука за нив, цела нација ги следи и сите се надеваме на место во следната фаза“, изјави Новак пред почетокот на мечот.

„Орлите не го послушаа. Од трите работи што ги спомна Ѓоковиќ, ништо не направија. Додека Ноле гореше на трибините, на теренот не беше така. Фудбалерите треба да бидат како Новак, тоа е предуслов за големи победи“, пишува по српските медиуми.

Жестоко критикуваше и популарнниот аналитичар Раде Богдановиќ, кој особено беше брутален кон селекторот Стојковиќ и капитенот Тадиќ. За Пикси рече дека не го плаќаат 1,5 милиони евра за Србија да биде вреќа за удирање, а на Тадиќ му порача да се повлече од репрезентацијата затоа што на ЕП бил фудбалски силуван од селекторот.

- Оглас -

Најнови вести