Српските медиуми пишуваат: Пикси добива отказ

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси веќе нема да ја извршува таа функција. Како пишуваат повеќе српски медиуми, „Курир“ најавува дека Стојковиќ веќе добил отказ.

Србија имаше разочарувачки настап на Европското првенство во Германија каде во групната фаза заврши на последното место со само два освоени бода и еден постигнат погодок во три средби.

Интересно е дека непосредно пред заминување на ЕП, популарниот Пикси доби продолжување на договорот до јуни 2026 година, а сега, само еден месец подоцна веројатно ќе дојде до прекинување на оваа соработка.

Веднаш по завршување на настапот на ЕП, започнаа шпекулации дека одреден дел од фудбалери искажале незадоволство и се заканиле дека нема да продолжат да играат за националниот тим ако Пикси остане на чело на репрезентацијата.

За Србија ова беше прво учество на ЕП по пауза од 24 години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести