Српските медиуми за нашиот фудбал: Се распаѓа лигата во Македонија

Многу неизвесности „лебдат“ во пресрет на новото фудбалско првенство во Македонија. Екипата на Ренова нема финансии да стартува во новото првенство, а деновиве има шпекулации дека е можно уште некој клуб да се откаже.

За овие случувања во македонскиот фудбал пишуваат и соседите, а во дел од српските медиуми пишува дека е можно дури и распад на лигата.

Македонскиот фудбал дефинитивно го губи имиџот на добра спортска приказна. Едноставно во земјата нема 12 клубови кои можат да гарантираат квалитетен настап во Прва лига. Кога ситуацијата со „најдобрите“ е алармантна, што останува за оние клубови кои се натпреваруваат во Втората или останатите послаби лиги во земјата?

 

- Оглас -

Најнови вести