Српските младинци се посрамотија: Имаа водство од 0-1, па загубија со 9-1 (Видео)

Додека сите погледи беа насочени кон квалификациите за Европското првенство во Германија, неверојатен меч се одигра во Нотингам, во рамките на квалификациите за младинскиот континентален собир.

Се сретнаа репрезентациите на Англија и Србија, а победија домашните со неверојатни 9-1! Она што го прави овој меч посебен, е тоа што Србите први дојдоа во водство со голот на Владимир Лучиќ во 27-мата минута. До крајот на првиот дел следуваше комплетен пресврт и водство на Англија со 3-1.

Во второто полувреме гледачите во Нотингам имаа можност да видат уште шест гола, сите во мрежата на голманот на Србија, Вељко Илиќ. Головите се редеа како на филмска лента сè до конечните 9-1 за Англија, воедно и највисок пораз за која било селекција на Србија.

- Оглас -

Најнови вести