Србија ја доби контролката против Италија со минимални 90:86 во драматичниот дуел кој се одигра во Хамбург како дел од пријателскиот турнир ДББ Суперкуп, во кој уште учествуваат Германија и Чешка.
Орлите во последните три минути стигнаа до пресврт во драматична завршница, анулирајќи 15 поени негатива на Аѕурите која ја остварија на средина од третиот период.
https://twitter.com/KSSrbije/status/1560663535688077312
Долго време Србија се мачеше резултатски, но кога беше најважно проработе врската Јокиќ – Мициќ, двајцата МВП на НБА и Евролигата, за драматичен триумф во „Барклајкард“ арената во Хамбург.
Јокиќ го заврши мечот со дабл-дабл од 18 поени и 10 скока, запиша и 5 асистенции. Двоцифрени во српскиот состав беа уште Мициќ, Лучиќ и Милутинов со по 15 поени, додека кај Италија Фонтекио беше најрасположен со 25 поени, но предвреме го заврши мечот поради шест лични грешки.
Србија во финалето го чека побендикот од дуелот Германија – Чешка
https://twitter.com/Italbasket/status/1560675090228203520