Прекрасно е чувството да се добие натпревар на Европско првенство во ракомет, особено што цели четири години чекавме такво нешто, од претходната победа до вечерва, кога во Берлин беше надиграна и совладана Швајцарија.
Ова е победа која многу значи од психолошка гледна точка, носи и условно полесен противник во баражот за Светско првенство, затоа и задоволството во македонскиот тим и на трибините каде што беа сместени нашите фанови, беше големо.
Погледнете дел од најинтересните моменти на мечот:
Фото: РФМ