Во време кога целиот свет се соочува со пандемијата од Коронавирусот, има и такви кои едноставно сакаат да им помогнат на останатите кои се помалку моќни. Левиот бек на Ливерпул, Енди Робертсон, донираше голема сума пари во прифатилиштата кои даваат бесплатна храна во Глазгов.
Робертсон е роден во главниот град на Шкотска и едноставно сака да им помогне на оние луѓе кои немаат во овие тешки моменти. Фудбалерот на Ливерпул финансиски помогнал шест центри за храна, но ова не е негова прва хуманитарна акција.
Веќе три години Робертсон ги помага јавните центри за храна во Глазгов кои подготвуваат оброци за оние кои немаат да си дозволат за пристојна исхрана. Хуманитарниот играч не сакал да се дознае дека тој е човекот кој донира за оваа најпогодена група граѓани, но едноставно неговото име е истакнато како донатор на парите за храна.
„Му благодариме на шкотскиот фудбалер кој донираше голема сума пари во шест центри за храна, вклучувајќи го и нашиот центар. Немаме начин како доволно да му се заблагодариме“, стои на твитер -објавата, а потоа се дозна дека тој фудбалер е токму Робертсон.
Oh Andy Andy, Andy Andy Andy Andy Robertson ! https://t.co/hTtZkw0HCl
— Jamie Funnell (@JamieFunnell5) March 22, 2020