32.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Срцепарателна е последната порака која сопругата му ја испрати на Жота

Екипата на Ливерпул ја почна ерата по Диого Жота, ерата во која никогаш нема веќе да се носи дресот со бројот 20. Тој број останува во историјата во чест на Португалецот кој пред десетина дена трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.

На погребот на Жота присуствуваа голем број фудбалери и значајни луѓе, но една сцена остана посебно жална. Неговата сопруга Руте, со која направија свадба нецели две недели пред трагедијата, во рацете носеше бел лист хартија на кој имаше порака.

Последната порака која Руте му ја испрати на својот сопруг сега е обелоденета.

„Не можеме да живееме колку што сакаме и ќе умреме дури и да не сакаме. Зошто да бидам надвор од твоите мисли и надвор од твојот ум само затоа што сум надвор од твојот видокруг? Не сум далеку, јас сум од другата страна, веднаш зад аголот. Не грижи се, сè е во ред“.

- Оглас -

Најнови вести