Стадионот „Шах Алам“ во Малезија, кој имаше капацитет од 80.000 гледачи, е срушен до темел и тоа за на негово место да биде изграден речиси двојно помал и многу помодерен. Овој стадион со децении беше дом на малезиската фудбалска репрезентација и беше во рангот на најголемите стадиони во светот.
Според планот, новиот стадион треба да има капацитет од 45.000 гледачи и сигурно ќе биде еден од најмодерните на тој дел од светот. На друштвените мрежи се појавија и фотографии од тоа како треба да изгледа новиот стадион.