Нигерискиот фудбалер Јира Сор, кој настапува за белгискиот тим Генк, постави нов европски рекорд кога се работи за брзината на трчање на еден играч. На последниот меч на кој Генк со 3:0 славеше против Гент, Сор направи спринт со кој постави нов рекорд во Европа.
Интересно е дека рекордот беше поставен со спринт направен во последната минута од мечот. Генк водеше со 2:0, кога домаќините направија брз контранапад. Сор непречен од никого тргна напред и на крајот успеа дури да постигне и гол.
Беше пресметано дека Сор трчал со максимална брзина од 37,7 километри на час, со што и официјално е најбрзиот фудбалер откако се мери ова во Европа. Претходниот рекорд го држеше Мики ван де Вен, кој во сезоната 2023/24 во англиската Премиер лига во дресот на Тотенхем достигна брзина од 37,38 километри на час.
Колку за споредба, Јусејн Болт кога го постави светскиот рекорд на 100 метри на Светското првенство во 2009 година, достигна максимална брзина од 44,72 километри на час на потегот од 60 до 80 метри.
Погодокот на Сор, со кој постави и европски рекорд може да го видите на 5 минути и 15 секунди од видеото.

