18.8 C
Skopje
среда, 1 октомври 2025

Срушен култниот стадион во Шпанија, треба да никне ново здание, и тоа за Мундијалот 2030

Легендарниот стадион „Ла Ромареда“ во Сарагоса, кој беше дом на истоимениот клуб е срушен. На местото на овој стадион сега треба да биде изграден нова модерна арена која ќе биде еден од потенцијалните домаќини за Светското првенство во 2030 година.

„Ла Ромареда“ беше стадион кој постоеше 68 години, а имаше капацитет од малку повеќе од 33.000 навивачи. Се очекува изградбата на новиот стадион да започне во наредните месеци.

Новиот стадион треба да има капацитет од 42.500 гледачи и да ги исполнува сите критериуми за големо натпреварување. Проектот го спроведува IDOM, а директорот за спорт и настани, Сезар Аскарате, ја откри визијата зад новиот дизајн.

„Фокусирајќи се на неговите текови, го обликувавме стадионот и покривот, моделирајќи ги како флуидни и динамични елементи“, рече Аскарате.

„Ла Ромареда“ се наоѓа во срцето на Сарагоса и е дом на Реал Сарагоса, клуб кој се натпреварува во втората лига на шпанскиот фудбал. Додека траат работите, тимот ќе ги игра своите домашни натпревари на стадионот „Иберкаха“.

Стариот стадион останува во историјата како домаќин на три натпревари на Светското првенство во 1982 година, на кое учествуваа репрезентациите на Југославија, Северна Ирска и Хондурас.

 

- Оглас -

Најнови вести