Срушени сите рекорди, клубовите во јануари потрошиле 1,57 милијарди долари

Јануарскиот преоден рок во 2023 година е историски затоа што клубовите од целиот свет потрошиле рекордна сума пари за доведување нови играчи. Според Светската фудбалска федерација (ФИФА), во јануари биле направени 4.387 трансфери за кои биле потрошени неверојатни 1,57 милијарди долари.

Освен рекордот во машкиот фудбал, поставен е и нов рекорд во женскиот фудбал. На светско ниво биле направени 341 трансфер, за коишто биле потрошени 774.300 евра.

Бројот на трансфери во машиот фудбал е зголемен за 14,4 отсто во однос на истиот период во 2022 година. Кога се работи за парите потрошени за овие трансфери, во однос на минатата година, во неодамна поминатиот јануари биле потрошени дури 49 отсто повеќе пари во однос на јануари 2022 година.

 

- Оглас -

Најнови вести