Сруши многу рекорди на Меси, требаше да биде наследник на Аргентинецот, а сега реши да си оди

Ансу Фати е еден од ретките фудбалери кои сезонава не се избори за место во тимот на Барселона. Тренерот Ханси Флик јасно му даде до знаење на Фати дека не е во комбинација за игра до крајот на сезоната, па напаѓачот немаше друга опција освен да си замине од каталонскиот гигант. Сезонава тој одигра само 186 минути во дресот на Барселона.

Најавите се дека следната дестинација за Фати ќе бидат Саудиска Арабија или Катар, односно земјите во кои се нудат многу пари. Иако има само 22 години и уште многу можности да го докаже својот квалитет во некој друг европски клуб, Фати најверојатно ќе замине каде што ќе добие финансиски најдобра понуда.

Кариерата на Фати започна блескаво кога дебитираше како 16-годишник. Со одличните игри успеа да сруши неколку рекорди кои беа во сопственост на Лионел Меси, па многумина предвидуваа дека токму Фати е наследникот на аргентинскиот виртуоз.

Сепак, потоа следуваше тешка повреда, по која Фати едноставно не успеа да се врати во формата во којашто беше претходно. Беше даден и на позајмица во Брајтон, но и таму не се снајде најдобро, па беше вратен во Барселона.

Сега е ред Фати на 22 години да се проба во некое од првенствата во Азија.

- Оглас -

Најнови вести