Стадионот „Пакаеумбу“, кој се наоѓа во Сао Пауло, привремено ќе се користи како болница за заразени од Коронавирусот. Бразил на овој начин најави подготовка за пандемијата со вирусот Ковид-19, откако во оваа земја се забележани повеќе од 1.600 случаи на заразени лица.
Стадионот ќе располага со 202 кревети за заразените кои се во ран стадиум на вирусот, а за да се адаптира во привремена здравствена устанува за лекување, ќе бидат потребни околу 10 дена.
Овој стадион е изграден во 1940 година, на него се одржувале голем број фудбалски спектакли и останати манифестации, го користела репрезентацијата на Кариоките, како и бразилските гиганти Сао Пауло, Коринтијанс, Палмеирас и Сантос.