Организаторот на Светското првенство кое во неделата заврши со триумф на Аргентина, Катар одлучи идната година стадионите на кои се играа натпреварите да ги пренамени во болници, трговски центри, станбени комплекси.
Натпреварите на СП се играа на осум стадиони, но дури седум ќе бидат користени во други цели откако ќе заврши Азискиот фудбалски куп што ќе се игра следната сезона.
На најголемиот стадион „Лусаил Ајконик“, на којшто се играше финалето меѓу Аргентина и Франција, ќе му биде намален капацитетот и ќе биде преуреден во станбено-деловен комплекс во кој ќе има и болница, училиште, трговски центар…